logo
logo
logo

Шефот на игрите во Токио си поднесе оставка по сексистичките изјави

Vecer | 12.02.2021

Шефот на игрите во Токио си поднесе оставка по сексистичките изјави

Претседателот на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио Јоширо Мори денеска си поднесе оставка по сексистичките коментари минатата недела, кои предизвикаа бури на реакции од останатите земји. Мори одново се извини пред да ја соопшти својата одллука.

„Моите непримерни коментари предизвикаа големи проблеми. Жал ми е, поднесувам оставка на позицијата претседател“, изјави Мори на состанокот на организацискиот одбор на ОИ.

83 годишниот Мори, некогашниот премиер на Јапонија, на состанокот на јапонскиот олимписки комитет изјави дека жените зборуваат многу и дека внесувањето на понежниот пол во олимпискиот одбор ќе биде многу напорно, ќе мора да се ограничи времето за говор.

По оваа изјава тој се извини, а веќе денеска си поднесе оставка која доаѓа на шест месеци пред почетокот на ОИ.

ФОТО: KTLA/TWITTER


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk