logo
logo
logo

Шате Андоновски со САД урива рекорди, го освои и силниот турнир “Таа верува“...

Vecer | 25.02.2021

Шате Андоновски со САД урива рекорди, го освои и силниот турнир “Таа верува“...

Влатко Андоновски – Шате, Македонецот како селектор на женската репрезентација на САД просто урива рекорди. Од како седна на клупата на најдобрата репрезентација во светот, знае само за победи. Колку за потсетување, Шате дебитираше со победа над Шведска со 3:2, во меч одигран на 08.11.2019 година, а одтогаш па наваму неговите девојки одиграле вкупно, тука ја сметаме и таа средба, одиграле вкупно 16 натпревари официјални натпревари и забележиле под водство на Шате, верувале или не, 16 победи. Ете зошто раководството на Фудбалската федерација на САД инсистираше токму некогашниот фудбалер на Вардар, Македонија ЃП… да ја предводи нивната женска селекција.

Значи 16 победи, со неверојатна гол разлика од 61:3. Од тие 16 мечеви само на два се тресела мрежата на неговата репрезентативна екипа.

Навистина импресивно.

Кога сме кај Шате репрезентацијата на САД изутрина по македонско време ја освои и титулата на силниот турнир “Таа верува“, секако на фантастичен и импресивен начин.

Три меча, три победи со гол разлика 9:0.

Секоја чест за Македонецот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk