Феникс Санс (не)очекувано немаше потешкотии во првиот дуел со шампионот ЛА Лејкерс и стигнаа до триумф од 99:90.

Дејвин Букер ги водеше домашните до триумф (34 поени), а ДеАндре Ајтон постигна 21 поен. Леброн беше најдобар кај Лејкерси со учинок од 18 поени и 10 асистенции.

Иако стигнаа „едвај“ до плеј-офот, Мемфис приреди изненадување победувајќи го тимот на Јута и со тоа правејќи „брејк“.

Јута влезе како најдобра екипа во плеј-офот, но во првиот меч загуби со 109:112, а Бојан Богдановиќ не реализираше шут за три за продолженија. Брукс со 31 поен беше најдобар на паркетот.

Во последната секунда беше одлучен победникот на средбата Њујорк Никс и Атланта Хоукс. Гостите славеа со 105:107.

Јанг беше најефикасен кај Атланта со 32 поени.

sportmedia.mk