logo
logo
logo

Шампиони сте, ама дресовите ви се...за никаде!

Vecer | 13.05.2021

Шампиони сте, ама дресовите ви се...за никаде!

Интер сезонава 2020/2021 ја одигра на најдобар можен начин. По цели 11 години го освои скудетото. Ветувањето дека на последните мечеви од оваа сезона ќе ги промовираат новите дресови за следната, вчера на мечот со Рома (3:1) и го остварија.

Играчите истрчаа на теренот во навистина шарени дресови, малку необични за голем клуб каков што е Интер. Токму затоа во фудбалска Италија по мечот топ – тема беа тие дресови.

Шампиони сте, ама дресовите ви се за никаде, тие се грозни“ имаше и вакви коментари.

Но на момците на тренерот Антонио Конте ова не беше пречка да забележат уште една победа.

Инаку овие дресови се продаваат по цена од 90 до 160 евра.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk