На Шалке не му се пишува добро. Последопласираниот тим во Бундеслигата доживеа уште една нова катастрофа, откако денеска во првиот меч од новото 17. коло на домашен терен беше „торпедиран“ од екипата на Лајпциг со 6:1.

Гостите уште во првите 15 минути поведоа со 2:0 со головите на Андре Силва и на Хенрихс, за до крајот на полувремето со вториот гол на Андре Силва и еден на Тимо Вернер да заминат на пауза со 4:0.

Шалке успеа да намали на 4:1 по само 10 минути игра во второто полувреме преку Козуку, но „биковите“ ја потврдија доминацијата со головите на Олмо (83’) и Поулсен (89’) за конечни 1:6 со кои останаа на второто место на табелата.


sportmedia.mk