logo
logo
logo

Шалке остана без 1,25 милиони евра поради елиминацијата на Јувентус

Vecer | 11.03.2021

Шалке остана без 1,25 милиони евра поради елиминацијата на Јувентус

Елиминацијата на Јувентус го остави без 1,25 милиони евра и тимот на Шалке. Како!? Поради Винстон МекКени.

МекКени игра во моментов како позајмен од Шалке во тимот од Торино, а во неговата клаузула стоело дека тимот од Гелзенкирхен ќе добие 1,25 милиони евра при пласман на Јуве во 1/4 финалето.

Потоа при секоја наредна фаза, тимот ќе требало да добива уште толку, но сега нема ништо од тоа.

Покрај проблемите со кои се соочува Шалке, можеби добро ќе му дојдеа овие пари, но се случи тоа да Јувентус биде елиминиран од Порто, и да остане без своите пари. Сепак, Јуве ќе му исплати на Шалке 18,5 милиони евра, поради тоа што се согласи да го откупи по завршувањето на сезоната.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk