Тимот на Шалке 04 има огромни проблеми во моментов. По децении опстојување во најсилната конкуренција, следната сезона тимот ќе игра во втора лига. Тоа е лошо за така трофеен клуб., Навивачите се бесни, нападнаа дел од играчите кои мораше да бегаат и да се спасуваат, а последна информација од Гелзенкирхен е дека во таборот на Шалке има и позитивни случаји на коронавирус.

Не се објавени имињата на фудбалерот и тренерот кои се позитивни, и тие нормално веќе се во изолација.

Шалке до крајот треба да одигра уште и мечеви против Хофенхајм, Херта, Ајнтрахт и Келн.

sportmedia.mk