logo
logo
logo

Шалке 04 - Маинц дел од листата најлоши мечеви во историјата на Бундес лигата (ВИДЕО)

Vecer | 08.03.2021

Шалке 04 - Маинц дел од листата најлоши мечеви во историјата на Бундес лигата (ВИДЕО)

Дека тимот на Шалке 04 во моментов е очаен не е тајна. Доволно е да се погледне само табелата во Бундел лигата каде што великанот од Гелзеркинхен во моментов е последен и со многу мали шанси да опстане во лигата.

Од дрига страна пак, ниту тимот на Маинц не е премногу квалитетен сезонава, напротив и него го мачат проблеми со опстанокот, па прецизните германци востановиле и прецизно одработиле став дека нивниот меч од изминатото одиграно коло во Бундес лигата е еден од најлошите откако е воведено на оценување на самиот меч во 1992 година.

Оттогаш се одиграни вкупно 8793 мечеви, а само пет до овој меч биле осенети со лошата осена 6.

Маинц во целиот меч шутирал 19 пати кон противничкиот гол, а рамките од истиот ги погодил два пати, додека пак Шалке имал севкупно два обиди кон противничкиот гол и двата биле во рамките. Дека ова била очајна фудбалска изведба говори и фактот што хајлајтсот од истата трае само две минути.

Пет најлошо оценети Бундес мечеви досега:

11/24/2012   Гројтер Фурт – Нирнберг 0:00

3/05/2011 Франкфурт – Кајзерслаутерн 0:0

04/25/2009 Леверкузен – Карлслуе 0:1

03/16/2001 Келн – Волфсбурф 0:0

02/19/1993 ВАтеншајт – Шалке 04 0:0

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=1n1GEpc54d4[/embed]

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk