logo
logo
logo

Шахтјор ќе го смени Португалецот, па на клупата носи тренер на Сасуоло

Vecer | 12.05.2021

Шахтјор ќе го смени Португалецот, па на клупата носи тренер на Сасуоло

Португалскиот тренер Луис Кастро нема да го води Шахтјор Доњецк следната сезона. Клубот одлучи да не ја продолжи соработката со него, откако оваа сезона останаа без трофеј на домашната сцена.

Кастро го презеде Шахтјор летото 2019 година и оттогаш освои само една титула. Оваа сезона, остана зад најголемиот ривал Динамо Киев во шампионатот и не успеа да дојде ни до трофејот во купот, што беше причина за разделба.

Според шпекулациите, клубот веќе нашол замена и тоа во името на тренерот на Сасуоло, Роберто де Зерби.

Новинарот Фабрицио Романо пишува дека веќе е постигнат договор за двегодишна соработка и дека сè ќе биде официјализирано во наредните денови.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk