logo
logo
logo

Серхио Рамос позитивен на Ковид-19

Vecer | 13.04.2021

Серхио Рамос позитивен на Ковид-19

Нов проблем за капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос. „Кралскиот“ тим објави дека искусниот фудбалер е позитивен на коронавирус. Во известување на клубот стои само кратка информација, не е познато каква е здрвствената состојба на капитенот.

Рамос не беше во составот на Реал за четвртфиналето против Ливерпул кое го доби со 3-1 поради повреда, а сега се соочува со Ковид-19.

Избраниците на Зинедин Зидан утре го играат реванш мечот против Ливерпул, зад нив ја имаат победата над Барселона во „Ел Класико“ која ја зголеми самодовербата во редовите на „кралскиот“ состав.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk