logo
logo
logo

Серхио Оливеира го шокираше Јуве: „Старата Дама“ победи, но Порто оди во четврфинале (ВИДЕО)

Vecer | 09.03.2021

Серхио Оливеира го шокираше Јуве: „Старата Дама“ победи, но Порто оди во четврфинале (ВИДЕО)

Порто приреди вистински шок за Јувентус во судиските продолженија на „Алијанц Арена“ во Торино. Гостите преку Серхио Оливеира постигнаа „златен гол“ со кој израмнија на 2:2, па иако Јуве до крајот успеа да слеви со 3:2, голот повеќе на гости на Португалците им обезбеди четврфинале. Италијанците можат да жалат што од 54. минута играа со играч повеќе и не успеаја да дојдат до резултат за место во осумте најдобри.

Откако во првите дополнителни 15 минути, практично не видовме ништо посебно, следуваше фантастично возбудлива завршница во вторите 15 минути.

Порто малку го отвори гардот и доби слободен удар во 115. минута. Стрелецот на првиот гол Серхио Оливеира испрати вистинска бомба под нозете на фудбалерите на Јуве во живиот ѕид и го измами Шчесни кој не успеа да ја задржи топката. Порто поведе и дојде до голем капитал на ова гостување.

Сепак, Јуве брзо се врати во живот. Во следниот напад по одлично изведен корнер Рабио со глава погоди за водство од 3:2, но на „Старата Дама“ се уште и требаше гол за четврфинале.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk