logo
logo
logo

Сер Алекс Фергусон: За две нешта најмногу жалам додека бев менаџер на Манчестер Јунајтед

Vecer | 28.03.2021

Сер Алекс Фергусон: За две нешта најмногу жалам додека бев менаџер на Манчестер Јунајтед

Легендарниот кормилар на тимот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон во подготвувањето за најновиот документарец посветен на него и неговата кариера наречен Сер Алекс Фергусон: Никогаш не се предавај “, вели дека за две нешта ужасно жали додека бил дел од клубот.

Првата е кога морал на квартетот дефанзивци кои настапувале во клубот цела деценија морал да им каже дека треба да си заминат, како и на младите таленти кои израснале во академијата мечтаеле да дебитираат за првиот тим, а никогаш не го сториле тоа.

“Во врска со моментите за кои жалам, се сеќавам на тимот во 1994 година. Дефанзивните четворица во овој состав стареат заедно. Страшно е што може да му се случи на еден менаџер затоа што овие момци беа фантастични. Пол Паркер, Стив Бурс, Гери Палистер и Денис Ирвин. Ми дадоа сè девет или десет години. Се може да се види на теренот. Тие не го видоа тоа, но јас го видов. Мојот проблем беше што можам да направам за нив? Дали успеав да договорам трансфери?Тоа беше многу, многу тешко да им се каже“ – вели Фергусон па додава.

„Исто е кога треба да му кажете на еден млад играч дека мора да си замине. Ова е најлошото нешто. Сите амбиции, надежи и желби на овие младинци е да играат за Манчестер Јунајтед во 75.000 и да одат во финалето на Вембли. Ова е амбиција на сите кои дојдоа во Манчестер Јунајтед. Кога треба да му го одземете, тоа е многу, многу болно. Ги мразев тие моменти “, рече Фергусон во едно интервју во пресрет на објавувањето на неговиот документарец.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk