Конечно радост за Македонија на Олимпијадата. Младата Милјана Релиќ приреди големо изненадување и тоа на деби настапот на Олимписките игри.
21 годишната мaкедонската таеквондистка ја шокираше 10 години постарата Џејд Џонс и тоа на свој прв олимписки настап.
Британката влезе како голем фаворит во борбата, особено ако се знае дека зборуваме за светска, двократна олимписка и трократна европска шампионка во категоријата до 57 килограми.
Но Џонс се сретна со младата, полетна и многу надежна наша претставничка која победи со 2:1.
Рељиќ ја доби првата рунда со 7:6, вториот го загуби со 5:4, а третата рунда заврши 1:1. Но како пресуден фактор за нејзината победа се покажаа поголемиот број на удари.
Во четвртфиналето кое е на програма денеска со почеток од 15:45, Милјана Релиќ ќе се соочи со Летитија Аун од Либан, која со 4:2 и 3:2 ја совлада Ло Чиа-линг од Кинески Тајпеј.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата