logo
logo
logo

Сензација: Комо со шлаканица за Милан и Јуве, обезбеди пласман во ЛШ

Vecer | 24.05.2026

Сензација: Комо со шлаканица за Милан и Јуве, обезбеди пласман во ЛШ

Седумкратниот шампион на Европа, тимот на Милан беше шокантно поразен од Каљари на својот Сан Сиро со резултат од 2:1, и со тоа остана без место во најсилното фудбалско натпреварување во светот. Иако поведоа во 2-та минута кога Салемаекерс постигна гол по асистенција од Хименез, „росонерите“ дозволија да бидат посрамени и да загубат од Каљари со што не успеаја да се квалификуваат ниту за место во Лигата на шампионите.

На крајот, екипите на Комо и Рома на најдобар начин ги искористија очајните резултати на Милан и Јувентус и заслужено ќе ја преставуваат Италија во најсилното натпреварување. Комо, предводен од Сеск Фабрегас од клупата, славеше на гостувањето кај Кремонезе со 4:1, додека Рома победи со 2:0 на гостински терен против Верона.

Јувентус го започна својот натпревар, со Торино со задоцнување од повеќе од 1 час поради навивачи дивеења низ улиците на градот. Сепак, Старата Дама нема да биде во Лигата на шампионите следната година, без оглед на резултатот во тој натпревар.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk