logo
logo
logo

Сензационално: Антонио Конте се враќа во Јувентус?!

Vecer | 30.04.2021

Сензационално: Антонио Конте се враќа во Јувентус?!

Иако веќе со денови се коментира дека Масимилијано Алегри е на пат кон Торино со цел одново да седне на клупата на Јуве, од утринава медиумите во Италија во преден план го ставаат никој друг туку Антонио Конте. Имено стратегот на Интер, кој на “неро-аѕурите“ ќе им ја донесе првата титула по ерата на Мурињо, би можел веднаш по завршувањето на сезоната да се врати во Јувентус. Да потсетиме дека токму со Конте како тренер започна доминацијата на Јуцве во последната деценија.

Андреа Пирло си оди, Андреа Ањели и дефинитивно останува во Јуве, да, Алегри е блиску до враќање во Јуве, но внимавајте на Конте. Не би се зачудил ако тој дојде во Јувентус следниот месец, односно се врати како тренер“ вели еден од од коментаторите во Кориере Дело Спорт.

Сепак ова е малку веројатно ако се знае дека пред две – три недели, во Торино каков конфликт имаа Конте и Ањели, на мечот Јуве – Интер кога си се “почестија“ со погрдни зборови.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk