Селтикс без решение за Вокер, нов пораз на Денвер, дабл-дабл на Дончиќ (Видео)

" alt=

Девет натпревари и само една победа за гостите е епилогот на пресметките во НБА лигата. За издвојување е атрактивниот меч помеѓу Њу Орлеанс Пеликанс и Сан Антонио Спарс, во кој домашниот тим постигна 140 поени, новиот дабл-дабл учинок на Лика Дончиќ во дресот на Далас, како и неверојатната партија на Кемба Вокер од Шарлот Хорнетс.

Дербито го одиграа Милвоки Бакс и Денвер Нагетс, а победата ја однесоа Јанис Адетокумбо и друштвото. Гркот во победата 104:98 забележа 29 поени и 12 скока, а веднаш до него беше Ерик Бледсо со 23 поени и по пет скока и асистенции. Денвер го предводеше Никола Јокиќ со 20 поени, пет скока и пет асистенции.

Милвоки се искачија на втората позиција на Истокот, додека Денвер тоне на Западот. Откако забележаа само еден пораз во првите девет натпревари, Нагетс на последните седум натпревари имаат само една победа.

Њу Орлеанс Пеликанс го наполнија кошот на Сан Антонио и го добија мечот со 140:126. Пеликаните ги предводеше Џулиус Рендл со трипл-дабл од 21 поен, 14 скока и 10 асистенции. Најфикасни беа Ентони Дејвис со 29 и Ентван Мур со 24 поени.

Далас Маверикс се поразени во Мемфис 98:88, а Лука Дончиќ запиша нов дабл-дабл. Словенецот имаше 15 поени и 10 скока, а двоен ефект забележа и Деандре Џордан (17 поени и 20 скока). Екипата од Тенеси ја предводеа Мајк Конли (28 поени) и Марк Гасол (17 поени, 15 скока).

Кемба Вокер е играч за кого се говори во НБА лигата. Откако бекот на Шарлот Хорнетс постигна 60 поени против Филаделфија, две вечери потоа на Бостон Селттикс им испорача 43 поени, 21 од нив во последната четвртина.

Хорнетс славеа над Селтикс со 117:112 и стигнаа до скор од осум победи и осум пораз. Бостон е на девет победи и осум порази.

НБА, резултати:

Детроит Пистонс-Кливленд Кавалирс 113:102
Индијана Пејсерс-Јута Џез 121:94
Филаделфија-Феникс Санс 119:104
Шарлот Хорнетс-Бостон Селтикс 117:112
Атланта Хоукс-ЛА Клиперс 119:127
Мемфис Гризлис-Далас Маверикс 98:88
Милвоки Бакс-Денвер Нагетс 104:98
Њу Орлеанс Пеликанс-Сан Антонио Спарс 140:126
Сакраменто Кингс-Оклахома Тандер 117:113

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари