logo
logo
logo

Селмани: Можевме и поубедливо да го победиме Вардар, сепак најважни се трите бода!

Vecer | 03.03.2021

Селмани: Можевме и поубедливо да го победиме Вардар, сепак најважни се трите бода!

Ренова попладнево под Шара одигра квалитетно, успеа не само да го надигра Вардар туку и убедливо да го победи со 3:0. Ова е прва победа на “гипсарите“ пролетва, тогаш кога беше најпотребно.

Свој коментар за СПОРТМЕДИА има Ремзифаик Селмани, стрелец на два гола за Ренова, третиот го даде Шефити.

Уф, важна, многу важна победа за нас и тоа токму кога беше најпотребно. Искрено можевме и поубедливо да го победиме Вардар, но сепак најважни за нас се трите бода. Оваа победа ќе ни влее самодоверба со цел што побргу да излеземе од долниот дел на табелата, а добро ќе ни дојде и пред неделното градско дерби со Шкендија. Јас сум оптимист, ако одиграме како денеска против Вардар, во недела можеме да славиме и над Шкендија“ посочи Селмани, офанзивецот на Ренова.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk