logo
logo
logo

Селекторот на Украина: Сите мои пријатели се починати!

Vecer | 03.05.2021

Селекторот на Украина: Сите мои пријатели се починати!

Андриј Шевченко, некогашната голема светска фудбалска ѕвезда, сега селектор на Украина, со која се среќаваме на 17 јуни во Букурешт на ЕУРО, минатата недела ја претстави книгата “Мој живот, мој фудбал“. Книга во која авторот Алесандро Алциато пишува  за неговиот живот, и не само фудбалскиот.

Тој покрај другото се сеќава на трагедијата во Чернобил во интервјуто за италијанските медиуми по повод книгата.

“Па, јас живеев на само 200 км од Чернобил, мене се ми беше нормално пред да се случи таа катастрофа. Играв фудбал во Академијата на Динамо Киев, се беше во ред. И тогаш експлодира реакторот 4 и се случи тоа што се случи. Бевме преселени на 1500 км од дома. Навистина бше лошо за мене тогаш. Видете, животот во тогашниот СССР не беше толку лош, но тоа беше затворена земја“посочи некигашниот  ас на Динамо Киев, Милан, Челзи, репрезентацијата на Украина.

Напомена дека за разлика од неговите пријатели, тој успеал да се спаси од тоа “ново време“…во неговата земја.

“Тогаш имав голем број пријатели, и верувајте дека сите починаа, но не од радијацијата од Чернобил, туку од алкохол, дрога, оружје. Сите знаевме дека пропаѓаме, но јас се спасив благодарение на моите родители и мојата љубов кон фудбалот“,посочи Шевченко.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk