logo
logo
logo

Селекторот Ангеловски со мини тренинг камп следната недела

Vecer | 10.02.2021

Селекторот Ангеловски со мини тренинг камп следната недела

Селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски и неговиот стручен штаб ќе организираат мини тренинг камп на кои се повикани фудбалери од домашниот шампионат и неколкумина од странство кои добија дозвола од клубовите да бидат дел од претстојниот тренинг камп. На тренинг кампот од 15. до 17. февруари се повикани 20 фудбалери, а ќе биде одигран контролен натпревар против Работнички.

Селекторот Игор Ангеловски прати повик до следните фудбалери:

Голмани: Ристо Јанков (Работнички), Костадин Захов (Шкендија);

Одбрана: Филип Најдовски (Тирана, Албанија), Томе Китановски (Македонија Ѓ.П.), Коста Манев (Академија Пандев), Есмин Личина (Македонија Ѓ.П.), Фатих Исмаили (Шкупи), Блертон Шеји (Струга Трим Љум), Ангелче Тимовски (Силекс);

Среден ред: Енур Тотре (Шкендија), Ѓорги Стоилов (Академија Пандев), Марјан Радески (Академија Пандев), Матеј Цветановски (Шкупи), Агон Елези (Вараждин), Али Адем (Шкупи), Лука Станковски (Работнички);

Напад: Марко Ѓорѓиевски (Раднички Пирот, Србија), Џемал Ибиши (Дубрава, Хрватска), Дашмир Елези (Шкендија), Љупчо Дориев (Шкендија),

– На тренинг кампот повикавме 20 фудбалери. Најголемиот дел доаѓаат од клубовите од домашниот шампионат, а неколкумина од странство. Клубовите добија дозвола од ФИФА да ги задржат своите фудбалери во мартовскиот термин за репрезентативни натпревари, а тоа значи дека изборот на фудбалери ни е значително скратен, освен се разбира за оние кои ќе добијат дозвола од своите клубови.

– Нашата намера е евентуално да го дополниме главниот репрезентативен список со имиња на фудбалери кои ќе остават силен впечаток на тренинг кампот и на контролниот натпревар против Работнички. Се надевам дека овој тренинг камп ќе биде од корист за сите, изјави селекторот Игор Ангеловски.

Фудбалерите и стручниот штаб првиот тренинг ќе го имаат на 15. февруари на тренинг ценратот „Петар Милошевски“, а натпреварот против Работнички ќе се одигра на 17. февруари во 14:00


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk