logo
logo
logo

Секуловски: Немам посебен коментар за распоредот во третиот круг, на сите дуели одиме на победа!

Vecer | 09.03.2021

Секуловски: Немам посебен коментар за распоредот во третиот круг, на сите дуели одиме на победа!

Брегалница чекори според планот во Втората лига – исток. По првите две пролетни кола штипските “сини“ ја задржаа предноста во однос на Тиквеш од седум бодови, па така во очекување на стартот на третиот круг, кој започнува веќе претстојниот викенд, шефот на струката на “сините“ Марјан Секуловски за СПОРТМЕДИА истакнува:

Во следните 9 кола од третиот круг дома играме со Саса, Победа, Росоман, Кожуф и Тиквеш, додека гостуваме кај Слога (В), Плачковица, Осогово и Кит Го. Распоред како распоред, нема посебен коментар, со сите мора да се игра и Брегалница на сите мечеви ќе оди на победа. Да кажам дека иако во првите две кола освоивме максимални шест бода, искрено јас не сум баш најзадоволен од играта на мојот тим, не е се идеално. Има некои работи кои треба да се поправат и тоа под итно. Ќе се обидеме од меч во меч да бидеме се подобри“ вели Секуловски.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk