logo
logo
logo

Секоја чест: Силексовци во хуминатарна акција за малата Викторија!

Vecer | 23.04.2021

Секоја чест: Силексовци во хуминатарна акција за малата Викторија!

Познато е дека фудбалерите, воопшто спортистите се познати по својата хуманост. Обично кога треба да му се помогне некому, тие секогаш знаат да бидат први, посебно кога станува збор за здравјето. Па така и овојпат.

Имено фудбалерите на Силекс покренуваат хуманитарна акција за малата Викторија Костадинова од Гевгелија.

Таа има само 7 години и веќе неколку месеци боледува од леукемија. Нејзе и е потребна операција, односно трансплатација на коскена срцевина, која ќе се изврши во Турција, а истата чини 70.000 евра.

Силексовци веќе контактираа и со своите колеги од други наши клубови.

Да се надеваме дека ќе се донираат барем дел од потребните средства кои ќе и бидат потребни за малата Викторија за нејзиното лекување.

Се разбира дека секој може да учествува во оваа хуманитарна акција, подолу ја имате сметките на кои може да се приложат средства со кои ќе и се помогне на малата Викторија.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk