logo
logo
logo

Сејдини: Ставот на Пандев е став на личност, му посакувам се најдобро!

Vecer | 29.04.2021

Сејдини: Ставот на Пандев е став на личност, му посакувам се најдобро!

Првиот човек на Фудбалската Федерација на Македонија , Муамед Сејдини денеска беше гостин на емисијата „“Утрински брифинг“, на кој тој покрај другото даде свој коментар за се она што се случува во ФФМ, во и колу репрезентацијата и слично.

Познато е дека пред извесно време капитенот Горан Пандев даде интервју за една ТВ со негативна конотација кон ФФМ и Сејдини.

Не може веќе ништо да ме изненади, па ни тоа интервју. Ставот на Пандев е став на личност, а јас лично му посакувам се најубаво на капитенот, и да продолжи со своите игри и голови да не радува сите во нашата држава. Ударите доаѓаат кон ФФМ и кон претседателот на Федерацијата, реков, ништо не може да ме изненади“ посочи Сејдини.

На прашањето дали има анимозитет меѓу Сејдини и селекторот Ангеловски и дали навистина сакал да го смени, тој одговори:

Видете, ние како Федерација и јас како претседател, во 2019 година, кога му истече договорот на Ангеловски, ние му го продолживме до крајот на 2020 година. Верувавме во континуитетот на оваа селекција, во тоа дека оваа генерација може да оствари пласман на едно ЕП. Така и беше. И кога сме кај тој успех, да кажам дека е тоа заеднички успех на сите, на Пандев, Мрме, Елмас, Барди, на Федерацијата, на сите кои сме поврзани со репрезентацијата“.

Сејдини даде свое мислење и за одбиената премија по мечот со Романија.

Ние уште пред тој прв меч, им кажавме на играчите дека премија за победа е 80.000 евра а за реми е 40.000. И кога видовме дека само поради лошата среќа ние загубивме, решивме да ја дадеме таа премија за реми, како да сме одиграле реми. Потоа ни беше кажано од страна на спортскиот директор дека еден или двајца играчи ја одбиле таа премија, во смисла дека за пораз не сакаат премија. За премиите на вработените ние сметаме дека и тие си имаат своја заслуга. Од тие пари ништо не е чепнато од играчите, од вкупните пари за премија само 8% се парите кои заминаа како премија на вработените во ФФМ. Што се однесува до премиите за играчите и стручниот штаб тие секое евро си го заслужија, апсолутно. Селекторот доби плус 200.000 евра според она што стоеше во договорот во случај да се пласираме на ЕП“.

АКО ДОБИЕВМЕ ВАУЧЕР ОД АМС, ПАРИТЕ ЌЕ ИМ ДАДОВМЕ НА КЛУБОВИТЕ

Сејдини искоментира и за потегот на државата, односно АМС да не и се даде ваучер, односно пари на ФФМ.

Познато е дека ФФМ е една од најбогатите спортски федерации во земјата, и тоа благодарение на УЕФА и ФИФА. Сепак и ние се чувствуваме како дел од оваа земја. Видете, ако ние добивме ваучер секако дека средствата немаше да ги задржиме туку ќе им ги дадовме на клубовите. Да кажам дека сега помагаме и со ПЦР тестовите, нас не чинат тие вкупно 50.000 евра од коло за Првата и Втората лига. Да напоменам дека годи тоа што ја добив довербата од делегатите на Изборното собрание. Ова за мене е прв мандат, минатиот само беше продолжение на поранешниот претседател. Се виде дека оваа гарнитура на ФФМ, на чие чело сум јас, добро сме рабителе во изминатиот период па и поради тоа ја добивме довербата да раководиме со мак – фудбалот во наредниот период“ заврши Муамед Сејдини.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk