logo
logo
logo

Седлоски: Заслуживме да ја победиме Шкендија!

Vecer | 17.05.2021

Седлоски: Заслуживме да ја победиме Шкендија!

Со вчерашното дерби во Тетово, и тоа на гости кај Шкендија во меч кој заврши 1:1, фудбалерите на Шкупи ја завршија сезоната на втората позиција. Заслужено според се она што беше прикажано од август минатата година па до вчерашното последно 33.коло.

Интересно, Шкупи конечни прими гол и тоа по цели 570 минути, Бесарт Ибраими е тој што ја затресе мрежата на чаирчани. Инаку ова беше прв гол што ги прими Шкупи откако тренер на тимот е Гоце Седлоски.

Факт е дека составот на чаирчани одигра уште еден добар натпревар, создаде повеќе шанси, но ете, таа реализација одново беше проблем. Па токму затоа Шкупи мораше да се задоволи само со бод од Тетово.

Со ова се сложува и самиот Седлоски…

Прво сакам да и честитам на Шкендија за титулата. Се виде уште еднаш дека играме добро, создаваме шанси, но нема кој да ги користи тие шанси. Ни недостасува голгетер. По примениот гол почнавме да играме многу подобро, замените што ги направив ни донесоа офанзивна игра.Сметам дека според сите случувања на теренот во текот на целиот меч заслуживме да ја победиме Шкендија. Уште еднаш честитки за моите фудбалери, сега следува одмор, а потоа и подготовки за наредната сезона. Се надевам дека со квалитетни засилувања овој тим на Шкупи во наредната сезона ќе биде уште подобар“ изјави Седлоски за клупската интернет страна.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk