Шкупи одигра без голови против Македонија Ѓорче Петров во 31. коло на ПМФЛ, а тренерот Гоце Седлоски вели дека неговиот тим морал да победи денеска поради поголемиот број на шанси од кои дел беа фантастични. Сепак гостите изборија бод.

Одигравме одлично прво полувреме, со многу шанси, но шанси еден на еден со голманот мора да се користат. Ќе беше полесно ако постигневме барем еден гол во тоа прво полувреме. Да бидам искрен, против себе имавме квалитетен ривал како Македонија ЃП, кој неслучајно има добар пласман на табелата. Во второто полувреме направив одредени измени во тимот, сакав да видам на дело неколку нови фудбалери, но севкупниот впечаток ми е дека одигравме подобро од противникот и штета е што тоа издание не го крунисавме и со победа“, изјави Гоце Седлоски.

sportmedia.mk