logo
logo
logo

Седлоски по победничкото деби: Честитки за момците на заслужениот триумф!

Vecer | 18.04.2021

Седлоски по победничкото деби: Честитки за момците на заслужениот триумф!

Гоце Седлоски со победа и со три бода дебитираше на клупата на Шкупи. Попладнево во Велес, на гости кај Борец, неговиот состав победи со 1:0 и тоа со голот на Бразилецот Бианор Нето во финишот на средбата.

Седлоски за СПОРТМЕДИА го искоментира мечот во Велес.

Честитки за момците на освоените три бода и победата. Секако честитки и за Борец за крајно фер и коректната игра. Мислам дека според шансите, според играта во текот на целиот меч, заслужено победивме. Имавме повеќе шанси, но да не заборавиме дека и Борец во 45.минута можеше да постигне гол. Немав премногу време да се зпознаам со екипата, тука сум само два дена, но евидентно е дека екипата е падната. Овие натпревари до крајот на првенството ќе ги искористиме да видиме со каков потенцијал располагаме“ посочи Седлоски кој имаше победнички старт како тренер на еден од нашите најголеми клубови.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk