logo
logo
logo

Седлоски: Целта беше Шкупи да излезе во Европа, и успеавме во тоа

Vecer | 10.05.2021

Седлоски: Целта беше Шкупи да излезе во Европа, и успеавме во тоа

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски истакна дека целата на Шкупи е исполнета. Тоа било излез на меѓународна сцена престојното лето, и тоа е веќе обезбедено. Тој се осврна и на игрите во последните три кола во кои Шкупи ниту прима, ниту дава гол.

„Со овој нерешен резултат и математички ја обезбедивме Европа, тоа што беше целта кога дојдов тука. Овие пет натпревари беа едни од најслабите, иако можам да кажам дека создадовме многу шанси. Од толку шанси мораше да постигнуваме голови, и да не чекаме секогаш да зависиме од одбраната за да освојуваме бодови. Знаеме како играат нашите противници на овој мал терен, но дефинитивно треба да ги користиме шансите, особено во првиот дел, а потоа во вториот да ни биде полесно. За жал, ова е трет меч на кој не постигнуваме гол, но кога дојдов тука, целта беше да излеземе во Европа, и тоа го направивме. Уште еднаш им честитам на играчите и професионално ќе го одиграме последниот дуел со Шкендија“, рече Седлоски.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk