logo
logo
logo

Седлоска во „транс“ – испорача 11 гола во поразот на Локомoтива Загреб

Vecer | 22.01.2022

Седлоска во „транс“ – испорача 11 гола во поразот на Локомoтива Загреб

Неверојатна партија на Андреа Седлоска во дресот на Локомотива Загреб. Македонската репрезентативка блескаше на дуелот против Безансон во рамките на третото коло во Европската лига, за жал нејзиниот учинок не беше доволен за победа на гостински терен, хрватската екипа беше совладана со 28-27 за втор пораз.

Домшаниот состав доминираше во голем дел од мечот, по првото полувреме имаше позитива од 16-11. Во вториот дел, пред самиот крај Локомотива се врати, но немаше доволно време за целосен пресврт, на крајот се избори за достоен пораз.

Седлоска лансираше 11 погодоци од 14 обиди, осум од нив ги постигна во првото полувреме. Одамна македонска ракометарка нема постигнато двоцифрен број на голови, а Андреа е една од големите ракометни надежи.

Локомотива останува последна на табелата во групата А со два порази во исто толку одиграни натпревари.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk