logo
logo
logo

Седи на топката со очи полни солзи: Анчелоти јавно го понижи играчот на Реал (ВИДЕО)

Vecer | 10.08.2022

Седи на топката со очи полни солзи: Анчелоти јавно го понижи играчот на Реал (ВИДЕО)

Карло Анчелоти е омилен тренер на многумина фудбалери, но евидентно е и дека Италијанецот има граници кога станува збор за одредени играчи.

Анчелоти знае да се забавува, но и да биде строг и да покаже авторитет, што се случи на тренингот на Реал во пресрет на натпреварот од Суперкупот на Европа.

Имено, незадоволен од играта и говорот на телото, Анчелоти му наредил на Дани Себаљос да го напушти тренингот и го отстранил од тимот. Додека сите тренираат, Себаљос седна на топката и гледаше што прават неговите соиграчи, без да каже збор.

Актуелниот европски првак Реал Мадрид вечерва на стадионот во Хелсинки ќе се соочи со освојувачот на Лигата на Европа, Ајнтрахт Франкфурт во пресметката за првиот трофеј во новата сезона – Суперкупот на УЕФА.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk