logo
logo
logo

СЕ ВРАЌА ДОМА ПОСРАМОТЕН И СО ПРАЗНИ ЏЕБОВИ - Борис Бекер излегува од затвор

Vecer | 15.11.2022

СЕ ВРАЌА ДОМА ПОСРАМОТЕН И СО ПРАЗНИ ЏЕБОВИ - Борис Бекер излегува од затвор

Уште како тинејџер го освои Вимблдон, беше светска мегаѕвезда и на крајот од кариерата еден од најдобрите досега. А потоа дојде крах. Статистиката вели дека дури 30 отсто од професионалните спортисти банкротираат по кариерата. Еден од нив е човекот кој имаше сè, но изгуби сè - Борис Бекер.

Германскиот спортист и тренер вложи 100 милиони евра во нигериски нафтени компании, кои пропаднаа со неверојатна брзина. Голем скандал изби кога тој стана татко на дете со руска манекенка по секс во тоалет во ресторан, а сето тоа резултираше со развод. Тогаш неговата сопруга зела 25 милиони долари, стан во Мајами и старателство над децата. Покрај 30.000 евра месечна алиментација до полнолетство. Луѓето ширум светот имаа увид во сето тоа преку телевизија.

Последната несреќа

За време на судењето неговата одбрана беше особено интригантна кога започна дискусијата дали тој навистина е татко на дете со руска манекенка. Познатиот Германец тогаш рекол: „Со споменатата Русинка имав само орален секс, по што таа со помош на руската мафија ми ја собра или украде спермата и вештачки ме оплоди, се со цел да ми извади пари од џебот“.

Поранешниот германски тенисер ќе биде ослободен откако отслужи дел од затворската казна за затајување данок вредна 2,5 милиони фунти.

Бекер во април годинава заврши во затвор бидејќи не ги почитувал одлуките на судскиот извршител. Сокрил скапоцености како трофејот на Вимблдон и на крајот бил осуден на две и пол години затвор.

Медиумите во Велика Британија јавуваат дека Бекер треба да биде ослободен во декември, бидејќи Германецот потпишал документ за депортација во родната земја.

Поради големата пополнетост на затворите во Британија, воспоставена е процедура со која странските државјани можат да бидат депортирани и до една година пред истекот на затворската казна, доколку се согласат на тоа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk