logo
logo
logo

Се сеќавате на Ектор Купер? Го назначија за селектор на ДР Конго!

Vecer | 15.05.2021

Се сеќавате на Ектор Купер? Го назначија за селектор на ДР Конго!

Foto> Africa Soccer Zone

Аргентинскиот стратег Хектор Купер (65) е именуван за нов селектор на ДР Конго. За Купер ова ќе биде втор ангажман во некоја африканска селекција откако го водеше Египет од 2015 година до Светското првенство во Русија. На клупата на ДР Конго ќе го наследи Кристијан Нсенги-Биембе кој доби отказ по неуспехот во квалификациите за африканскиот Куп на Нации.

После Египет, Купер работеше и како селектор на репрезентацијата на Узбекистан. Претходно и една година како селектор на Грузија (2008-2009).

Најголемите успеси во кариерата ги направи со Валенсија со која два пати стигна до финалето во Лигата на шампионите (2000 и 2001). Ги водеш уште: Интер, Арис, Парма, Расинг Сантандер, Бетис, Мајорка…


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk