logo
logo
logo

Се сеќавате на Адриан Муту? Потпиша договор со романски великан

Vecer | 10.08.2022

Се сеќавате на Адриан Муту? Потпиша договор со романски великан

Поранешниот романски репрезентативец Адриан Муту останува во тренерските води со тоа што денеска потпиша договор со Рапид од Букурешт до летото 2025 година. Муту кој важеше за проблематично момче, играше за европски великани, па извесен период беше надвор од фудбалот поради дрога сега работи како тренер.

Беше менаџер во Динамо Букурешт, потоа спортски директор во ФС на Романија, а во 2018 година одлучи да гради тренерска кариера. Беше на клупата на Волунтари, па Ал Вахда, младата репрезентација на Романија, па У.Крајова, а на почетокот на оваа година привремено беше поставен за тренер на Рапид од Букурешт.

По завршувањето на сезоната одлучи да одмори, но го премисли понудата на Рапид да остане за постојано. Потпиша договор до 2025 година што е најголемиот и највредниот договор во тренерската кариера.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk