УЕФА планира да го укине правилото гол во гости постигнат во продолженијата за следната сезона во Лигата на Шампионите и Лигата на Европа. Како што пренесуваат медиумите во Англија, овој предлог на Европската куќа на фудбалот им бил доставен до сите големи клубови на Стариот континент и тие се сложиле дека треба да се најде компомисно решение. Инаку правилото гол во гости ќе важи само до 90.минута, за да во продолжението нема да важи, со што домашниот тим се става во порамноправна ситуација.

На пример, ако првиот меч заврши со резултат 1:1, ако и во реваншот по првите 90.миути биде 1:1 тогаш се оди во продолженија. И тука ако гостинот поведе со 1:2, тогаш домашниот тим мора да победи со 3:2, тие 2:2 нема да му бидат доволни. Така беше досега, по новото правило во продолженијата кој ќе постигне повеќе голови тој ќе победи, ако биде нерешено ќе се изведуваат пенали.

 

sportmedia.mk