logo
logo
logo

Се огласија од УЕФА: ЕУРО 2020 ќе се организира како што е планирано!

Vecer | 03.03.2021

Се огласија од УЕФА: ЕУРО 2020 ќе се организира како што е планирано!

Откако минатата недела стигна информација дека УЕФА се подготвува ЕУРО 2020 да го организира само во Англија, денеска на точно 100 дена до почетокот на првенството, стигна и официјалниот став на УЕФА. Според ставот на Европската куќа на фудбалот, тие имаат кристално јасна цел по тоа прашање.

„Бидејќи е објавено дека турнирот ќе се одржи во 12 земји, намерата на УЕФА останува да се одржи во 12 земји“, потенцираат од Нион.

И британскиот премиер Борис Џонсон денеска потврди дека континенталниот шампионат нема да се одржи само во Англија.

„УЕФА е решена да го одржи ЕУРО 2020 во 12 европски градови според распоредот договорен минатото лето. Нема други планови”, соопшти и ФА.

Според планот кој останува во сила, Европското првенство треба да се игра во Амстердам, Баку, Билбао, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и Санкт Петербург. Градовите имаат рок до 5 април да го потврдат својот статус на домаќин и да го утврдат точниот број на гледачи кои ќе можат да присуствуваат на натпреварите.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk