Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Тотенхем и Арсенал и официјално се повлекоа од Суперлигата, поради ова креаторите објавија дека оваа лига засега се прекинува.

Објавија сопштение во кое тврдат дека моменталниот модел на европскиот фудбал мора да се промени и ќе размислат за понатамошните чекори околу овој проект.

„Европската Суперлига верува дека европскиот фудбал мора да се промени. Предложивме ново европско натпреварување бидејќи постоечкиот систем на функционира. Нашата цел е создавање на ресурси и стабилност за целосната фудбалска пирамида, вклучувајќи помош за минувањето на финансиската состојба која ја мина целата фудбалска заедница како резултат на пандемијата.

И покрај откажувањето на англиските клубови кои беа присилени поради притисокот, веруваме дека нашиот предлог е во склад со европските прописи и закони. И покрај моменталните околности, ќе ги разгледаме најдобрите предлози за преобликување на проектот, имајќи на ум дека нашите цели се да им понудиме на навивачите едно ново искуство, а истовремено ќе ја зголемиме исплатата за целата фудбалска заедница“.


sportmedia.mk