logo
logo
logo

Се чека на документарецот: Конечно ќе ја дознаеме правата вистина за Михаел Шумахер

Vecer | 11.04.2021

Се чека на документарецот: Конечно ќе ја дознаеме правата вистина за Михаел Шумахер

Легендарниот возач на Формула 1, еден од најдобрите во историјата на овој спорт, Михаел Шумахер, веќе седум години заздравува од страшната несреќа што му се случи додека скијаше на Алпите. На барање на неговото семејство лечењето е во најголема тајност.

Но се чини дојде крај на тоа, имено набргу цел свет ќе може да ја дознае правата вистина за Михаел Шумахер и неговото заздравување кое трае, како што рековме, еве веќе седум години.

Имено најавено е прикажувањето на документарниот филм “Шумахер“, во кој ќе биде прикажано се она што се случувало во тие седум години со легендарниот Германец. Во него ќе ги има неговата сопруга, братот, ќерката, синот кој исто така е возач во Формула 1.

Со нетрпение го чекаме тој документарец, се чини дека спортскиот свет заслужува да ја дознае вистината.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk