НАШИТЕ КОШАРКАРИ ВО СТРАНСТВО

Самарџиски царуваше под кошевите

Во НЛБ лигата на програмата беше 12 коло во кое ФМП, со нов тренер, забележа победа против домаќинот Бууќност (64:66). Клучна беше улогата на нашиот кошаркар интернационалец Предраг Самарџиски кој во 32 минута ја постигна првата тројка за својот тим, донесе резултатски пресврт, а на крајот и победа на тимот од Железник.
- Покажавме карактер. Домаќинот мислеше дека се е готово, но ние бевме на висина на задачата, вели тренерот на ФМП, Милан Степандиќ. Интересно е дека во последната минута не беше постигнат ниту еден кош на двете страни, ниту пак имаше лични грешки.

Задар и натаму е несовладлив дома, иако на мечот со Олимпија во последните три минути губеше со 75:76. Гечевски кој имаше проблеми со личните и во последниот период повеќе седеше на клупата, украде топка од Голубовиќ, подоцна домаќините го презедоа водството, на крајот и победија (87:80). Капитенот на задрани Гечевски за 26 минути игра постигна 13 поени имаше и 8 скока.

Кошарка се играше и во Украина. Блескава вечер имаше нашиот Јане Петровски во дресот на Грифони, но тоа не беше доволно за победа против Политехника (79:93). Јане постигна 20 поени, имаше и 4 асистенции за 38 минути игра, а неговиот клупски другар Синиша Аврамовски на паркетот мина 19 минути во кои реализира 6 поени, имаше и 2 скока.

Во првенството на Бугарија, се играше 10. коло во кое Лукоил Академик немаше тешка задача против ЦСКА (96:75). Во победата на Лукоил Академик партиципираше и Ристе Стефанов со 10 поени од кои две тројки, а имаше и 5 асистенции за 24 минути игра.

Поврзани

Најнови вести

Коментари