Еуро Никел на експресен начин завери полуфинале во плеј-офот, на гостувањето кај Гостивар славеше со 68-74. Ова е трета победа во краток период за кавадарчани против истата екипа.

По триумфот, стратегот Горан Самараџиев испрати кратка порака.

“Тоа е таа екипа Еуро Никел. Горд до небо на момците”.

Во полуфиналето кавадарчани ќе играат против подобриот од Работнички и ТФТ.

sportmedia.mk