Интер се подготвува за сензационален трансфер во јуни. Се разбира дека ако шпелулациите кои ги изнесуваат медиумите во Италија и на Островот се вистинити, тогаш овој трансфер ќе биде и тоа како “бомба“. За ова да се оствари, раководството на шампионот на Италија има намера да продаде дури тројца свои напаѓачи, се со цел да се ослободи место за Мохамед Сала, еден од најдобрите фудбалери во светот.
Инаку “Фараонот“ не крие дека е на излезна врата од Ливерпул и дека е разочаран со оглед на дека неговиот клуб досега не направил никаков чекор за отпочнување на преговори за евентуално нов договор.
Се разбира дека со Салах, Лаутаро и Тирам во нападот, Интер практично би бил непобедлив во Серија А, но сепак “Фараонот“ чини многу пари, не се знае дали Интер ги има тие потребни финансии.