logo
logo
logo

Сакети го објави списокот на Италија за „балонот“ во Перм

Vecer | 02.02.2021

Сакети го објави списокот на Италија за „балонот“ во Перм

Во пресрет на квалификацискиот „меур“ во Перм, селекторот на италијанската кошаркарска репрезентација, мео Сакети, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за престојните квалификации. Сакети одбра 24 кандидати за „балонот“ во Перм

На списокот во најголема мерка се познатите играчки сили на кои Сакети сметаше и за претходниот турнир во Талин. Очекувано, за турнирот во Перм (18-22 февруари), ги нема кошаркарите кои настапуваат во НБА и Евролигата, но извесно е дека Сакети повторно ќе проба да „добие“ некој од помладите играчи, особено ако се земе в предвид дека италијанската репрезентација веќе го обезбеди пласманот на Европското првенство, како една од четирите земји кои се во улога на ко-организатори.

За потсетување, во Перм, нашата најдобра машка селекција ја очекуваат два натпревари против Италија и тоа во период од три дена, на 18 и на 21 февруари.

Во поширокиот спосок на Сакети се најдоа: Авуду Абас, Никола Акеле, Давиде Алвити, Томасо Балдасо, Филипо Балди- Роси, Џордано Бортолано, Леонардо Канди, Давиде Касарин, Амедео Дела Вале, Рафаел Гаспардо, Максимилијан Ладурнер, Давиде Морети, Андре Пекиа, Габриеле Просида, Џампаоло Ричи, Микеле Рузиер, Матео Спањоло, Марко Спису, Амедео Теситори, Стефано Тонут, Леонардо Тоте, Рикардо Висконти, Микеле Витали, Симоне Заноти.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk