Сакал да прогнозира победа на Барселона, но му го згрешиле ливчето: Фатил 42.400 евра на Рома

Неверојатна ноќ за многу навивачи на Рома, но и за еден прогнозер. Лудата приказна доаѓа од Јамајка од обложувалницата „JustBet Sports Bet".

Човекот ставил 1.000 долари на својот тикет каде имал 5 парови: Бартон Албион – Хал 2, Бристол Сити – Бирмингем 2, КПР – Шефилс Венздеј 1, Блекпул – Нортемптон 1 и Рома – Барселона која сакал да ја игра "двојка" но му ја згрешиле и му ја ставиле "кец".

Кога забележал, во паника се вратил во редот, но веќе било доцна да му корегираат и да го сторнираат ливчето.

За негова голема среќа, затоа што Рома ја декласираше Барселона со 3-0 и сензационално отиде во полуфинале од ЛШ а на прогнозерот му донела 52.623 долари или 42.439 евра

Поврзани

Најнови вести

Коментари