logo
logo
logo

САД размислуваат за бојкот на ЗОИ во Пекинг

Vecer | 07.04.2021

САД размислуваат за бојкот на ЗОИ во Пекинг

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс изјави дека државата со сојузници и партнери разговара за можноста за бојкот на Олимписките игри во Пекинг, Кина.

– Дел од нашиот пристап кон оваа Олимпијада ќе вклучува тесна консултација со нашите партнери и сојузници ширум светот. Има уште време пред игрите. Не сакам да поставам никаква временска рамка, но дискусијата е веќе во тек, изјави Прајс за „ЕСПН“.

Зимските олимписки игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година.

Соединетите Американски Држави можат да ги бојкотираат игрите во Пекинг поради  кршењето на правата на Ујгурите, како и на жители на Монголија и Тибет. На 6 февруари беше објавено дека Норвешка презела иницијатива за бојкот на ЗОИ во Кина.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk