ПРВА КОШАРКАРСКА ЛИГА (ПЛАСМАН 1.-6. МЕСТО)

Рутинско "возење" на шампионот

"ШПЕДИТЕРИТЕ" ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛАТА СРЕДБА БЕА ПОДОБАР ПРОТИВНИК ОД ВАРДАР О. И НА КРАЈОТ ЗАСЛУЖЕНО ДОЈДОА ДО ПОСАКУВАНАТА ПОБЕДА

Кошаркарите на Ф. Работнички, актуелни прваци, продолжуваат со победничката серија и во втората фаза од лигата за пласман од 1. до 6. место. Во дуелот со месниот ривал Вардар О, "шпедитерите" заслужено дојдоа до посакуваната победа, иако вардарци во неколку наврати се закануваа, посебно во првите две четвртини. Меѓутоа, во постојаната трка да ја анулираат негативата, често грешеа, а амбициозниот домаќин тоа знаеше да го казни. На почетокот од третата четвртина, Ф. Работнички ја имаше најголемата позитива од 14 кошеви (56:42) и до крајот рутински ја одржуваше предноста, иако во последниот период на игра пројавија нервоза, кога вардарци со чести лични грешки се обидуваа да го "изместат" противникот од игра.
Екипата на Тоа сум јас неочекувано лесно дојде до победата во дуелот со Струмица 2005, чии играчи тешко се снаоѓаа на паркетот, уште потешко ги завршуваа акциите. Централна фигура на мечот беше Дарко Радуловиќ, кој во отсуство на Србиновски (се повреди на почетокот на натпреварот) знаеше да ги искористи своите 37 минути. Постигна 22 поени, од кои пет тројки од осум обиди и целосно го олади противникот.

Ф Работнички - Вардар О.
84:71 Сала во Градскиот парк. Гледачи 200. Судии: Диковски, Златевски и Цветановски од Скопје. Резултати по четвртини: 22:19, 28:21, 15:12, 19:19 Ф Работнички: Стојановски 9, Стојчевски, Веселиновски 2, Поповиќ 18, Вегов 4, Тасовски 16, Кочов, Ѓуров 2, Јовановски 16, Трајковски, Симиќ 16. Вардар О: Саздов 12, В. Стојановски, Соколов 9, Аврамовски 7, Кралевски 7, Грнчаров 13, Д. Стојановски, Стефановски, Крстевски 10, Стојанов, Павловски 4.

Тоа сум јас - Струмица 2005
83:66 Сала СРЦ "Кале". Гледачи: 100. Судии: Денковски, Терзиевски и Бошковски од Скопје. Резулата по четвртини: 20:17, 22:12, 20:17, 21:20 Тоа сум јас: Јончевски, Тасевски 9, Колевски, Совковски 14, Радуловиќ 22, Михајловски 15, Нешовиќ 18, Србиновски 3, Нури, Диковски, Ѓоревски 2. Струмица 2005: Т. Николов, Цаниќ, Делев 4, Јоксиновиќ 19, Караманолев, Трајковски, Абазовиќ 2, Покрајац 21, Сикириќ, Христов 20, Соколов, Ј. Николов.

Славчо ТРОШАНОВСКИ Фото: Дарко АНДОНОВСКИ

Поврзани

Најнови вести

Коментари