logo
logo
logo

Рустемоски: За Македонија секогаш ќе бидам тука

Vecer | 28.05.2021

Рустемоски: За Македонија секогаш ќе бидам тука

Амел Рустемоски е најновото „засилување“ на Македонската репрезентација до 21. година. Момчето кое доаѓа од Швајцарија и кое досега настапуваше за оваа земја, реши да ги промени репрезентативните бои и да се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски за селективниот камп кој во моментов се одржува во Скопје.

Неговата приказна на нас ни е добро позната затоа што Македонија одамна се обидува да го придобие Рустемоски. Уште од времето кога настапуваше во младинските категории на Грасхоперс и кога беше една од главните алки во младинските репрезентации на Швајцарија. Сега сето тоа е минато и најважно е што играчот за врска сега е дел од нашиот национален тим и се подготвува за предизвиците кои следуваат.

„Среќен сум што сум тука. Одлично сум прифатен, знам дека атмосферата во У21 селекцијата секогаш е добра. Благодарам на укажаната доверба, на селекторот на стручниот штаб, на сите оние кои се бореа за мене да пристигнам тука, а јас ветувам дека ќе дадам се од себе да ја оправдам таа доверба. Да покажам дека не сум само еден од многуте, туку дека имам квалитет и капацитет и ќе го заслужам на терен овој повик. Македонија секогаш може да смета на мене. Имав добра сезона во Криенс во втората лига на Швајцарија, ми беше потребна минутажа и ја добив во овој клуб. Ќе размислам што и како понатаму ми се нуди перманентен дил со овој клуб, се прашува и Грасхоперс секако, а имам и некои други опции. Најпрво сега сакам да одиграм максимално во дресот на Македонија на утрешниот меч, а потоа и ќе почнам да размислувам што и како понатаму“ – вели Амел Рустемоски за Спротмедиа.

Тој ќе настапи само на утрешниот меч кој е неофицијален и кој младата репрезентација го игра меѓу себе, а за пријателскиот меч против Словенија кој е меѓународен сеуште нема право затоа што документацијата за промена на спортскиот пасош не е комплетирана.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk