ТАКА Е КОГА НАРЕДУВА ВЛАДИМИР ПУТИН

Русите го решија и проблемот со "Екатеринбург Арена"

Претседателот на Русија се пофали дека гостинските фанови на полесен начин ќе добиваат виза и дека се потрошени неколку милијарди евра за изградба на стадионите, хотелите и за инфраструктурните проекти

Светската фудбалска организација (ФИФА), го предупреди организаторот на претстојниот Мундијал во Русија, дека стадионот во Екатеринбург не ги задоволува условите затоа што има само 27.000 места за седење. Минимум за одигрување на еден натпревар на СП е 45.000 места за седење, но руските градежници веднаш поронајдоа решение.

Нема време за да се опуштиме затоа што стадионите и инфраструктурата нема да бидат готови на време, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин по состанокот кој го имаше со организаторите на фудбалскиот Мундијал.

Путин дојде до заклучок дека зацртаните цели кога се во прашање стадионоте и инфраструктурата се на задоволително ниво, но и дека постојат многу проблеми.

Еден од тие проблеми е и стадионот во Екатеринбург кој после првата инспекција од ФИФА не доби преодна оценка. Точно дека "Екатеринбург Арена# е нов стадион, изграден по сите стандарди за СП, но се појави еден голем проблем. Има само 27.000 места за седење, а за да биде одигран еден натпревар на СП, стадионот мора да има капацитет од најмалку 45.000.

За среќа, руските градежници веднаш смислија решение кое ќе биде реализирано во најбрз можен рок и кое ќе обезбеди дополнителни 18.000 места за седење. Буквално, отворија две страни од стадионот, тие зад двата гола и од надворешната страна поставија монтажни трибини. Се е изградено на цврста конструкција, како градежно скеле.

Точно дека има проблем со изградбата, но нема место за паника. Сепак, потребно е предупредување. На ред е последната фаза, која истовремено е и најтешка, изјави Путин.

Претседателот на Русија се пофали дека гостинските фанови на полесен начин ќе добиваат виза и дека се потрошени неколку милијарди евра за изградба на стадионите, хотелите и за инфраструктурните проекти.

СП во Русија ќе стартува на 14 јуни, а финалниот натпревар, кој ќе биде одигран на московскиот "Лужники" е закажан за 15 јули.

Поврзани

Најнови вести

Коментари