Руската фудбалска репрезентација нема да биде во ждрепката за Европското првенство, потврдија од УЕФА. 

Така, поради случувањата во Украина по Мундијалот, „Зборнаја“ остана без учество на уште едно континентално натпреварување. 

„Руската репрезентација нема да учествува во ждрепката за квалификациската фаза на ЕВРО 2024. Причината за ова е одлуката на УЕФА во февруари да го суспендира учеството на руските тимови и клубови во натпреварувањата под покровителство на таа организација до понатамошно известување“. соопшти Руската фудбалска федерација. 

Сите руски тимови во моментов се суспендирани поради одлуката на Извршниот комитет на УЕФА од 28 февруари 2022 година, која потоа беше потврдена од Судот за спортска арбитража на 15 јули оваа година.  

Европското ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули 2024 година во 10 различни германски градови. Ждрепката е закажана за 9 октомври во Франкфурт.