Лионел Меси се поврзува со трансфер во неколку клубови, а меѓу нив и Баерн Минхен. Меѓутоа веднаш стигна демант од првиот човек Карл-Хајнц Румениге. Тој ладнокорвно коментираше дека Баерн не е заинтересиран за Меси.

„Кога видов каков договор има Меси со Барселона, се насмевнав. Можам само да му честитам што успеал да се избори за такви астрономски цифри. Можам да ви кажам дека Баерн Минхен не е заинтересиран за Меси, и немаме намера да го донесеме“, рече Румениге.

Меси покрај со Баерн, се поврзува и со Манчестер Сити и со ПСЖ.

sportmedia.mk