logo
logo
logo

Румениге: Флик останува во Баерн, нема да ги решаваме проблемите на Фудбалскиот сојуз на Германија

Vecer | 05.02.2021

Румениге: Флик останува во Баерн, нема да ги решаваме проблемите на Фудбалскиот сојуз на Германија

Извршниот директор на Баерн Карл Хајнц Румениге даде интересен коментар околу иднината на тренерот Ханси Флик. Тренерот на Баерн е поврзуван со клупата на репрезентацијата на Германија. Румениге посочи дека Флик останува во Баерн.

„Ханси 100% останува во Баерн. Секогаш сум зборувал дека изборот на тренер е најважен, а имаме одличен стратег кој си ја знае работата и играчите плус имаме потпишано договор. Не знам што планираат во ФС на Германија, но сметам дека е многу понижувачки е кон сегашниот селектор Јоаким Лев да прокламираш планови за нов селектор. Немаме намера да ги решаваме проблемите на Германскиот фудбалски сојуз. А искрено смешна ми е идејата некој да го напушти Баерн за да бидеш селектор на националниот тим“, вели Румениге.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk