Репрезентацијата на Португалија, нормално на чело со Кристијано Роналдо, прстигна во Белград каде што утре го игра квалификацискиот дуел против домашната Србија.

Цела нација е на нозе кај нашиот северен сосед, доаѓа Роналдо, а медиумите таму, автоматски потоа и сите светски потоа, се „фатија“ за единственото што како информација можеа да го добијат во моментот октако Роналдо пристигна во Белград.

Тој по следувањето и влегувањето во автобусот, беше без маска автоматски прекршувајќи ги правилата за однесување во време на пандемија. Нормално како што тоа секогаш бива кога е тој во прашање, од ова се прави вистински „скандал“ се прогласи за најсебичниот човек во фудбало, за човек што мисли само на себе, но не и на оние околу него, итд, итд…..

sportmedia.mk