logo
logo
logo

Роналдо веќе има план, познато е каде ќе ја заврши кариерата

Vecer | 04.05.2021

Роналдо веќе има план, познато е каде ќе ја заврши кариерата

Кристијано Роналдо во Јувентуд дојде пред три години од Реал Мадрид за 100 милиони евра, ова беше трансфер кој не се очекуваше. Португалецот стигна во Торино за да му помогне на тимот да дојде до првата титулата во Лигата на шампиони, но не успеа во тоа.

Јувентус не блеска како претходните сезона, а оваа сезона се „лизнаа“ и во Серија. „Старата дама“ по девет години остана без титулата која им припадна на Интер.

Токму поради ова почнаа шпекулациите дека Роналдо ова лето ќе го напушти Јувентус иако има уште година дена од договорот. Португалецот се поврзуваше со ПСЖ, Реал и Јунајтед, но се чини дека нема ништо од трансфер во еден од овие тимови.

Италијанскиот новинар, Клудио Раимонди ја откри иднината на Роналдо во Јувентус. Тој порача дека Португалецот ова лето нема да ја напушти „Старата дама“, ќе го одработи договорот, а потоа како слободен играч ќе си замине.

„Роналдо сака да остане во Јувентус до крајот на својот договор, а потоа да се врати во Спортинг“, тврди овој италијански новинар, кој додаде:

„Нема шанси да се врати во Реал или Јунајтед, тоа не е негова желба. Исто така не размислува да го напушти Јувентус поради приватни причини, но и поради спонзорските договори“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk