Италијанскиот првак Јувентус имаше многу проблеми во дуелот со градскиот ривал Торино на „Олимпико“ во рамките на 29. коло на Серија А. „Старата дама“ поведе со голот на Киеза во 13 минута, меѓутоа „биковите“ го свртеа резултатот со два гола на Антонио Санабрија.

Домашните предноста ја чуваа се до 81. минута кога Кристијано Роналдо погоди за изедначување на 2:2 и бод за Јувентус од ова гостување.

На табелата Јувентус е дури на четвртата позиција, а ова му е осмо реми сезонава. Торино е веднаш над црвената зона со 24 бода, два повеќе од Каљари, четири повеќе од Парма, а девет повеќе од последниот Кротоне.

sportmedia.mk